Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Криме „де факто“ е дел од Русија и дека врз него никој не вршел притисок да ги признае или не, резултатите од референдумот одржан на 16 март на тој полуостров.
„Крим е дел од Русија. Тоа можете да го признаете или не. Но ништо не може да се промени,“ изјави Лукашенко во Минск.
Тој додаде дека Украина која со Белорусија дели долга копнена граница, треба да остане „единствена, недделива, интегрална држава која не припаѓа на ниту еден блок“.
„Ситуацијата околу Крим не е опасна поради тоа што Крим постана дел од Русија, туку поради преседанот кој е создаден со тоа,“ изјави Лукашенко.
Како што пренесува РИА Новости, тој навел дека Белорусија ќе гради односи со новото раководство на Украина по претседателските избори.
Лукашенко истовреме оцени дека украинските политичари кои дошле на власт за време на нередите во земјата, самите ја создале ситуацијата поради која жителите на Крим одлучија да се присоединат кон Русија.
Според неговите зборови, украинската власт направила многу грешки, а главната е притисокот врз руското население.