Белорусија е подготвена да и испорача на Украина нафтени производи, му соопшти денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко, на својот украински колега Петро Порошенко.
Белорусија има две големи нафтени рафинерии, но најголемиот дел од нафтата го добива од Русија.
„Лукашенко нагласи дека Белорусија ја сфаќа акутноста на овој проблем во текот на периодот на жетвата и затоа и покрај сомашните потреби, ќе и помогне на Украина да ја осигура нејзината економија и да има нафтени производи“, соопшти денеска администрацијата на претседателот на Белорусија.
Соопштението е објавено по телефонскиот разговор меѓу Порошенко и Лукашенко.
Русија, Белорусија и Казахстан во мај оваа година, потпишаа договор за формирање на Евроазиска Унија, за која рускиот претседател Владимир Путин се надева дека ќе и биде конкурентна на Кина, САД и ЕУ како економска сила.
Москва се согласи оваа година да и испорача на Белорусија 23 милиони тони нафта без трошоци за такса. Белорусија за возврат, ги извезува нафтените производи, а таксата ја плаќа Русија.
Официјалните лица велат дека жетвата во Украина, еден од клуните светски извозници на житарици, може да биде загрозена поради растот на цената за горив.