Белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа дека неговата земја се труди да ја запре војната и дека Украина ја провоцира Русија.
„Ние се трудиме да спречиме војна. Преговорите меѓу двете држави почна благодарение на мене. Но, зошто Украина постојано провоцира и не е заинтересирана за преговори?“, праша Лукашенко.
Белоруската војска најави вонредни вежби, а тоа предизвика загриженост во Украина, но Лукашенко кажа дека нема намера никого да напаѓа и Западот може да спие мирно.