Лукашенко прави смени на челните луѓе на безбедносните служби

Белорускиот претседател Александр Лукашенко, чие повлекување од 9-ти август го бара опозицијата во најмасовните протести во историјата на земјата, во обидите за смирување но и за закајнување на безбедносната состојба изврши во четвртокот смени на челните луѓе на Советот за национална безбедност и на безбедносната служба Комитетот за државна безбедност (КГБ).

Како што извести во четвртокот службената новинска агенција БелТА, на чело на Советот за безбедност е поставен досегашниот претседател на Комитетот за државна безбедност, Валериј Вакулчик.

„Ми се чини дека како иден државен секретар, заедно со пефот на администрацијата (челникот на претседателската администрација Игор Сергеенко порано работел во КГБ кој досега го водеше Вакулчик), знаејќи ја насоката на оваа работа, ќе можете да ги обедините специјалните служби, туку и службите за спроведување на законот. Да ги исполниме задачите кои се поставен денес пред нас. А се појавија и нови: проблеми, закани итн“, рекол Лукашенко.

Нов шеф на КГБ станач Иван Тертел, кој досега бил на чело на Комитетот за државна контрила.

Лукашенко, исто така, именувал и нов вицепремиер, Анатолиј Сивак, кој претходно ја водел администрацијата на главниот град Минск. На неговото место, пак, е именуван досегашниот вицепремиер Владимир Кухарев.

Во четвртокот белорускиот претседател именувал и редица други челници на државните институции, но и на администрациите на повеќе региони во земјата.