Белорускиот претседател Александр Лукашенко изјавил дека тој го убедил рускиот колега по должност Владимир Путин да „не го ликвидира“ шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, како реакција на неговото поттикнување на вооружениот бунт на паравојската кој предизвика стравувања од избувнување граѓанска војна во Русија.
Путин во обраќањето до нацијата во саботата утрото вети дека бунтот ќе биде задушен, споредувајќи го со комунистичкиот преврат од 1917 година во Русија финансиски поддржан од запаедноевропската елита а кој го промени текот и исходот на Првата светска војна. Рускиот претседател предупреди дека бунтот на Пригожин и нему лојалните војници на „Вагнер“ може да доведе до граѓанска војна а по неколку часа со посредување на Лукашенко беше постигнат договор паравојската да се повлече а Прихожин да замине во егзил во Белорусија, каде што тој пристигна во вторникот.
„Го сфатив следното: донесене е брутална одлука (а тоа можеше да се заклучи по тонот на Путин) бунтовниците да бидат ликвидирани“, рекол Лукашенко во вторникот на состанокот на функционерите на војската и новинарите, пренесуваат белоруските државни медиуми.
„Му советував на Путин да не избрзува, ‘Ајде’, му реков, ‘ајде да разговараме со Пригожин и со неговите команданти’. На тоа тој ми одговори ‘Слушни Саша, тоа е бескорисно. Тој дури ниту слушалката не ја крева, не сака со никој да зборува’“.
Агенцијата Reuters забележува дека Путин во 1999 година го употребил истиот глагол кога зборувал за чеченските исламистички милитанти.
Кремљ во средата досега не ја коментираша изјавата на Лукашенко, кои се ретка можност за увид во разговори водени зад затворени врати во Кремљ.
Лукашенко, сојузник на Москва и долгогодишен пријател на Пригожин рекол и дека на Путин му кажал да „размисли малку подалеку од носот“, бидејќи според него ликвидацијата на шефот на „Вагнер“ би можело да резултира со вистински бунт на неговите борци.
Белорускиот претседател рекол и дека белоруската војска би можела да има полза од искуствата на борците на „Вагнер“ коишто, според договорот со Кремљ, можат слободно да заминат во Белорусија, доколку не сакаат да потпишат договор со Министерството за одбрана или да се демобилизираат.
„Тоа е најобучената единица во војската. Кој ќе му се спротистави на тоа? И мојата војска тоа го сфаќа, бидејќи ние во Белорусија немаме такви луѓе“, го цитира дражавната агенција БелТА претседателот Лукашенко.