Рускиот претседател Владимир Путин не ја турка Белорусија во војна со Украина, а пред почетокот на судирот Киев му се закани на Минск дека ќе изврши прекугранично ракетирање, изјави белорускиот претседател Александр Лукашенко во четвртокот.
Во интервјуто за украинската новинарка Дијана Панченко, којашто во западните медиум е претставена како наводно „проруска“, Лукашенко предупреди дека доколку Белорусија биде нападната однадвор ќе одговори со сите расположиви средства.
„Кога би се вклучила Белорусија (во војната)…. што со тоа би се постигнало? Ништо“, вели Лукашенко во онлајн интервјуто чијашто земја од раните 1990-те години со Русија има договор за Сојузна држава кој вклучува и заемна помош во воени времиња.
Белорусија покрај границата со Украина и Русија, има и граници со трите земји членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија на чии граници особено по 2020 година постојано се зголемуваат трупите на западниот воен блок.
„Доколку Украинците не ја минат нашата граница, никогаш нема да учестуваме… Но секогаш ќе ѝ помагаме на Русија, тоа се наши сојузници“, вели Лукашенко кој со месеци ги обвинува западните земји дека во Украина и Полска увежбуваат единици од белоруски радикални дисиденти и странски платеници со цел да ги префрлат на белоруска територија со цел да предизвикаат вооружен бунт и преврат.
Потсети дека пред почетокот на војната, која Минск како и Москва ја нарекува „специјална воена операција“, властите во Киев се заканувале дека ќе изведат прекугранично ракетирање.
„Не можете да имате никакво обвинување против мене, ниеден Белорусин од нашата армија не беше таму (во борбите во Украина). Меѓутоа, вие (Украинците) нѐ провоциравте. Четири ваши единици, главно вооружени со ракетите ‘Точка-У’ ги распоредивте долж границата, и ние ги следевме. Се приближија, потоа ги симнаа церадите од проектилите, ги ставија ракетите во борбена позиција и потоа ги навртија против нас“, вели белорускиот претседател.
Лукашнко додаде дека руските сили главно ги уништиле тие единици на почетокот од инвазијата кон крајот на февраури 2022 година,
„Од територијата на Белорусија некои (руски) единици ја минаа границата на Украина. Зошто? Тоа прашајте го (украинскиот претседател Володомир) Зеленски (….) Нѐ обвинуваат дека сме помогнале да започне војната. Не, војната веќе се водеше. И вие, Украинците, ја започнавте оваа војна против Белорусија. Пред сѐ, економската војна“, истакна Лукашенко.
Потсетува дека Киев фактички ѝ наметнал блокада на Белорусија и пред војната, не дозволувал прелети на белоруските авиони низ воздушниот простор на Украина, не пропуштал и запленувал трговски товари за трети земји, како и дека украинската полиција уапсила и убила неколку белоруски превозници.
Во тој контекст Лукашенко појаснува кога и како Минск би реагирал на надворешна закана.
„Може да има само една закана – агресија против нашата земја. Доколку агресијата против нашата земја започне дури и од Украина, не дај Боже, од Полска, Литванија, Латвија, ние секавично ќе одговориме со сѐ што располагаме“, истакна Лукашенко.
Предупреди дека Белорусија е подготвена да го искористи целиот свој арсенал од оружја за одвраќање на противникот доколу биде нападната, што се толкува во западните медиуми и како закана со вклучително и тактичкото нуклеарно кое летово го распореди во неговата земја Москва, но сепак е под контрола на руската војска.
„А против Украина,, доколку изврши агресија против нас, нема да употребиме само нуклеарно оружје. Имаме повеќе од тоа освен самото нуклеарно вооружување. И доколку вие (Укринците) ја минете црваната линија, нема да ве предупредуваме, ќе удриме врз центрите на политичката моќ. Ќе го сториме тоа без предупредување“, истакна Лукашенко.
Додаде дека верува оти Путин веќе ги остварил своите цели во „специјалната воена операција“ во Украина, како и дека двете страни би требало да седнат на преговарачката маса и да разговараат за сите прашања, вклучително и црноморскиот полустров Крим и другите југоисточни украинско територии каде што мнозинското руско и руско јазично население по превратот во Киев во 2014-та се одлучија да се присоединат на Русија што Украина и голем дел од меѓународната заедница не го признаваат.
„Преговорите би требало да започнат без никакви услови. Тоа е суштината на дипломатијата. Мораме да седнеме на масата и да разговараме за сѐ. И за Крим и за Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск“, истакан белорускиот претседател.
Белоруската престолнина Минск во 2014 и 2015 година беше место на коешто проруските бунтовници од Доњецк и Луганск преговараа со дојдените по превратот прозападни власти во Киев со посредство на Русија, Германија, Франција и Полска, кога беа постигнати договорите за примирје познати како Минск 1 и Минск 2. Со нив требаше да се стави крај на тогаш граѓанската војна во Украина, а самопрогласените републики во Доњецк и Луганск да добијат широка автономија со враќање на правото самите да ги избираат локалните челници и функционери, со враќање на рускиот јазик како официјален покрај украинскиот, самоорганизирање на безбедноста, враќање во украинските финасиски, економски и политички текови, а украинската војска да излезе на границите со Русија.
Меѓутоа, набрзо по почетокот на руската инвазија минатата година, тогашната германска канцеларка Ангела Меркел и францискиот претседател Франсоа Оланд признаа дека Западот и Киев никогаш немале намера да ги почитуваат договорите од Минск, туку дека договорите од белоруската престолнина биле потребни за да се добие во време украинската армија да се подготви за нова војна.