ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот, проширен состав на партискиот Извршен комитет.
Како нов член на Извршниот комитет е избран и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, од септември минатата година.
Тој има завршено Правен факултет „Јутинијан Први“, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации.
Претходно работел и како советник во владата и беше дел од кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.