Центарот на кумановчани е еден од најдобрите кошаркари во тимот, а покрај тоа што имаше понуди и од други клубови, сепак се реши да остане во Куманово.
Покрај Луковиќ, договорите со клубот ги обновија и Костоски, Мандиќ и Јаневски, а исто така, во тимот пристигна и Ентони Ли Инграм, кој во Куманово се врати по две години. Со овие потези, Куманово гради респектабилен тим кој ќе настапи во новиот Еврокуп на ФИБА.