Либералниот луксембуршки премиер Ксавиер Бетел, добро познато лице на европските самити веќе десет години, го загуби мнозинството со Зелените и социјалистите во неделата на парламентарните избори на кои победија демохристијаните.
Христијанско-социјалната народна партија (CSV) води со 29 отсто од гласовите, според конечните резултати објавени доцна во неделата по пребројувањето на сите гласови.
Трипартитната коалиција на либерали, социјалисти и екологисти на чело со 50-годишниот Бетел нема да може да ги спречи, за разлика од изминатите избори. Либералите освоија повеќе отколку на последните избори – 18,7 отсто, исто како и социјалистите со 18,9 отсто. Но, Зелените паднаа за повеќе од седум процентни поени – на 8,5 отсто.
Вкупно, коалицијата губи два мандата и има 29 пратенички места, односно помалку од половина од 60-те што ги има Претставничкиот дом. Со 21 мандат предничат демохристијаните, предводени од поранешниот министер за финансии 60-годишниот Лук Фриден.
„Луксембуршките луѓе го кажаа својот збор. Добивме јасен мандат да ја водиме идната влада. Сино-црвено-зелено мнозинство повеќе не постои“, рече Фриден.
Со 21 пратеник, CSV треба да најде коалициски партнер за да постигне мнозинство од 31 место. Фриден би можел да се обиде да формира коалиција со либералната Демократска партија (DP) на Ксавиер Бетел, која освои 14 места, или со социјалистите кои освоија 11 места.
Зелените имаат само 4 места, па дури и беа претекнати и од популистичката десничарска ADR со 5 места.
Во парламентот ќе бидат претставени уште две мали партии: Пиратите кои велат дека не се ниту леви ниту десни со 3 пратенички места и радикалната левица со два пратеника.
Во понеделник почнуваат преговорите за нова влада.