Лума: Со денешната лидерска Мицкоски е во предност, на парламентарните избори кои ќе бидат заедно со локалните Заев лошо ќе помине

Политичкиот аналитичар Илир Лума, за денешната лидерска средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на која меѓу другото се прифати барањето на Мицкоски за одложување на пописот, вели дека со тоа поентираше Мицкоски и сега тој е во предност во однос на Заев.

Во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан тој истакна дека следно што следи по денешната лидерска средба Мицкоски да издејтвува, односно да создаде предуслови за предвремени парламентарни избори, кои според него најверојатно ќе бидат заедно со локалните.

„Со овој потег, Мицкоски премина во водство и тој ќе направи се за да го принуди господинот Заев за да создаде предуслови за предвремени парламентарни избори кои со сигурност ќе бидат заедно со локалните. И самиот факт со проблемот со кој се соочува оваа Влада со Бугарија, може да добие некои поени со носењето на некои клучни закони, како законот за државјанство“, истакна аналитичарот Лума.

Тој исткна дека е убеден дека сега веќе Мицкоски е во преднос и дека, според него, на парламентарните избори Заев лошо изгуби.

„Јас сум убеден дека Мицкоски сега веќе е во предност и на парламентарните избори, според мое мислење, Заев лошо ќе загуби“, дециден беше Лума кој додаде дека Заев ако сакаше да ја задржеше предноста не требаше да го прифати барањето на Мицкоски за лидерска средба на која разговараа за важни прашања за државата како на пример одложувањето на пописот.