Избрани три идејни решенија за новиот Луна парк

По поеќе неуспешни обиди, градската власт избра идејн0 решение за новиот Луна парк. Првата награда од 200.000 денари отиде во рацете на Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев, додека втората награда во висина од 100.000 денари ја добија Бојан Муличковски, Кели Романалди, Горан Милевски, Душко Кузманов, Драгана Матова и Марко Ицев.

Следува иработка на основен проект, врз основа н едено од трите откупени идејни решенија.

Конкурсот за избор на идејно решение градските власти го распишаа во декември минатата година, а истиот траеше до 23 февруари годинава.

Речиси три години Градот Скопје се обидуваше да најде концесионер за изградба на нов Луна парк, кој за возврат би стопнисува со паркот 30 години. Сепак, немаше заинтересираност од приватни инвеститори,  пред се’, бидејќи сметаа дека проектот нема да биде профитабилен. Исто така, и програмата за Луна паркот, посочува дека проектот е на граница на рентабилност.

Според студијата, обновата на Луна паркот чини околу 7 милони евра и ќе се гради етапно. Финансии за изградбата ќе се обезбедуваат и од Градот и од Владата.