Лута тетовка поранешниот сопруг го нападнала со лап топ.
Според информациите од портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски вчера 48-годишниот З.Ѓ. пријавил дека бил нападнат од поранешната сопруга, 52-годишнтата В.Ѓ. со која се уште живееле во иста куќа.
Повредениот раскажал дека додека тој работел на лап топот, В.Ѓ. почнала расправија со него, а во еден миг на гнев, го зела лап топот и го удрила по глава, а потоа почнала да го гребе и да му се заканува по животот.
Јосифоски посочи дека нападнатиот побарал кривичен прогон за неговата поранешна сопруга.
В.Ѓ е повикана, разговарано е со неа и се расветлуваат сите поединости околу овој случај.