М-НАВ го побива Рашковски дека договорот со ‘Леонардо’ е потпишан во 2016-та

Спротивно на тврдењата на генералниот секратар на Владата, Драги Рашковски, дека контроверзната јавна набавка на систем за управување во воздушниот сообраќај бил постигнат во 2016 година, документацијата на агенцијата М-НАВ укажува дека договорот е потпишан пред само половина година, односно во декември 2018-та.

Во петокот вечерта порталот Експрес.мк  аудио записи и транскрипти од нив за спорен тендер во изност од седум милиони еврам, во ко и низ разговор меѓу тројца високи државни функционери се договара јавна набавка финансирана од Европската банка за обнова и развој (EBRD).

По објавување на  транскриптот и аудио формата кои се објавени без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи, се огласи и генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, кој во својата реакција наведува дека тендерот и изборот на најповолен понудувач биле направени во 2016 година.

Сепак на официјалната страница на М-НАВ на 14-ти декември 2018 година е објавена вест дека е потпишан договор со италијанскиот производител „Леонардо“ за набавка и инсталација на новиот систем за управување со воздушниот сообраќај во М-НАВ.

Според нивниот извештај, се вели дека Договорот вклучува нова техничко-оперативна просторија погодна за сместување на системот. Додека процесот на набавка бил спроведен во согласност со правилата и полисите на ЕБОР, со што целокупниот процес беше надгледуван и одобрен од ЕБРД.

Тогаш во медиумите беше објавено дека Македонскиот систем за воздухопловна навигација (М-НАВ) ќе добие нов систем за контрола на летање со пари на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а оти постапката за избор на нов АТМ, која во тој момент течеше, се води според правилата и постапките за набавка на ЕБОР, согласно Договорот за модернизација на М-НАВ АД, склучен на 24.09.2013 година. Целата постапка беше започната во далечната 2013 година во согласност со ППР на ЕБРД и се водела со отворена постапка за набавка во две фази, кои завршиле пред доаѓането на новиот менаџмент.

По повикот во првата фаза биле пријавени четири понудувачи. Работната група за евалуација во М-НАВ АД Скопје за првата фаза изготвила Евалуационен известај, на кој ЕБОР дала согласност за три понудувачи да продолжат во втората фаза. Понуди во втората фаза се доставени од само двајца понудувачи, од кои по извршената евалуација на втората фаза само еден од нив целосно ги исполнува техничките барања и условите наведени во тендерската документација.

Според тогапшните информации од М-НАВ, двете фирми кои останале во втората фаза од постапката за набавка на нов систем за контрола на летање, се италијанска фирма „Леонардо“ и шпанската компанија „Индра“. „Леонардо“ на тендерот има понудено милион евра поскапа цена од „Индра“, но неофицијално, наводно, големи биле шансите таа да го потпише договорот со М-НАВ АД, ланскиот декември.

Претставниците на М-НАВ тогаш посочуваа дека сите постапки за процесот биле одобрени од ЕБОР, а оти тогаш во тек е процесот за пристап кон потпишување на овој договор, додека согласно договорот за модернизација на М-НАВ АД за надградба на македонскиот ситем за воздухопловна навигација, оваа постапка не се води согласно Законот за Јавни набавки, бидејки се финансира целосно од страна на Европската банка за обнова и развој.