Mицкоски најави реконструкција на болницата „8-ми септември“ и на аеродромот во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави два големи проекти – реконтрукција на болницата „8 септември“ во Скопје и на аеродромот „Апостол Павле“ во Охрид.

„Денес сакам да најавам две важни вести.Првата е реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ или популарно наречена “Воена болница”.
Втората, реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Повеќе детали на прес конференцијата која следи“, напиша Мицкоски.