Мајк Џонсон најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот

Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер ненадејно се повлече.

Конгресменот Емер се повлече наспроти противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија.

Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член на републиканското раководство во Претставничкиот дом, стана четвртиот републикански кандидат по Емер и другите во циклусот политички конфликти што се појавија по смената на Кевин Мекарти од функцијата претседател на Претставничкиот дом.

За време на поединечното гласање, Џонсон го освои мнозинството, но пред денешното очекувано гласање во Претставничкиот дом за победа ќе му бидат потребни гласовите на речиси сите републиканци.

Американската влада ризикува да се затвори за неколку недели ако Конгресот не го усвои законот за финансирање до 17 ноември за да продолжат да работат службите и канцелариите.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри 105 милијарди долари помош за Израел и Украина и да ја зајакне границата на САД со Мексико.