Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, во периодот на претседателот Доналд Трамп, во изјави дека е свесен дека во својот дом во сојузната држава Индијана има доверливи документи, како и дека ја презема „целосната одговорност“ за тој безбедносен пропуст.
Пенс, кој имаше во петокот одржа говор на меѓународниот универзитет во Мајами, изјави дека во моментот се спроведува ревизија на неговите лични архиви откако најмалку три сета доверливи документ се пронајдени во приватните канцеларии и домот во сојузната држава Делавер на актуелниот американски претседател Џо Бајден, од периодот кога и тој беше потпретседател во мандатот на претседателот Барак Обама.
„Утврдивме дека меѓу моите лични документи има помал број означени како доверливи или чувствителни“, рече Пен.
Додаде дека не бил свесен дека се наоѓаат во неговиот дом.
„Ќе бидам јасен: тие доверливи документи не требало да бидат во мојата приватна резиденција. Направени се грешки и ја преземам полната одговорност“, рече Пенс.
Доверливи документи, исто така, беа пронајдени во домот на Трамп, но за разлика од потпретседателите Пенс и Бајден, тој како претседател имал можност да ја симне или снижи ознаката за тајност од документите. Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.
Адвокатот на Мајк Пенс, Грег Џејкон, му испратил писмо на Националниот архив на 18-ти јануари во кое го известува за документите, а во второ писмо од 22-ри јануари навел дека припадници на Федералното биро за истраги (FBI) дошле во домот на поранешниот потпретседател за да ги преземат.
„Нашата национална безбедност зависи од исправното ракување со доверливите и чувствителните материјали, а јас знам дека кога ќе се направат грешки, важно е брзо и транспарентно да се решат“, рече во говорот од петокот Пенс.
Бајден и Трамп, кој се противеше на враќањето на документите тврдејќи за некои дека се без ознака или дека се копии поради што претресот го изведе FBI, се соочуваат со засебни истраги на Министерството за правосудство поради неправилно ракување со доверливите материјали.