Потпретседателот на САД во заминување, Мајк Пенс и честиташе на неговата наследничка Камали Харис во телефонски разговор, потврдија две лица запознаени со тој разговор.
Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа.
Претседателот Доналд Трамп не стапи во контакт со новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, чиј легитимитет на победата беше доведен во прашање неколку пати.
Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар“ и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка.
Бајден и Харис ќе стапат на должност на 20 јануари.
Пенс во моментов исполнува многу од церемонијалните должности на претседателот, вклучително и добредојде на припадниците на Националната гарда кои сега ја чуваат зградата на Капитол.
Тој исто така ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, за разлика од Трамп, кој рече дека нема.