
Четири лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа што се случи во местото Радешине под Челебиќи на магистралниот пат Мостар – Јабланица.
Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) соопшти дека загинале сопружници од Турција и нивните две деца, кои починале на пат кон болница.
Третото дете кое било во возилото е пренесено во болница во Сараево и лекарите се борат за неговиот живот.
Во несреќата учествувале камион и автомобил во кој се превезувало петчленото семејство.