Мајката и сестрата на малолетниот масовниот убиец во белградското училиште се обиделе од Србија да минат во Македонија

Мајката и сестрата на 13-годишното момче коешто го изврши масовното убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската централна населба Врачар се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ кон Македонија.

„Мајкате и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин „Прохор Пчињски“, кон Северна Македонија, но полицијата веднаш ги спречила и биле вратени во Србија“, пренесуваат српските медиуми.

Таткото на момчето е во притвор, кој на почетокот на месецот беше продолжен за уште 30 дена, поради сомневање дека го обучувал да стрела од огнено оружје, и дека не го обезбедил оружјето како што налага законот.

Обвинителството проверува и дали М. К., мајка на момчето, се стекнува со елементи на кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое и определи привремена забрана на М.К., мајката на момчето К.К. кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, да отуѓи недвижен имот во нејзина сопственост.