Избори, па избори! Досадно и понижувачко за слушање. Во деновите кога борјот на заразени е се поголем, но и на починатите и станавме светски прваци, титула од која треба да се срамиме бидејќи испаднавме најнеорганизираната држава во регионот токму од политиканството. Наместо сега да функционираме во некоја нормала за ваква состојба, станавме најизолирана држава во Европа.
Образложението за избори (5 јули) е дека така Владата ќе функционирала и ќе можела да одлучува со полн капацитет, затоа што ќе работело Собранието. Своевремено еден човек се обидел на прескокне јас, арно ама паднал во водата и изнервиран рекол:„Ех, кога бев млад без проблем го скокав“. Но се свтрел наоколу да види дали го гледа некој, па прошепотил:„Море, таков си бев и во младоста“!
Така и нашата Влада предводена од Зоран Заев и сега од техничкиот премиер Оливер Спасовски скокна во јазот, па чарето ќе го бара во избори набрзина. Најлесно се „мачкаат“ работите кога е општ хаос и страв. Коронавирусот не одроди и го урна нормалниот живот, а нашите властодршци ќе не сплотуваат со Ковид-19 на избори. Власта е слатка работа, за разлика од нормалните држави, кај нас со многу малку морал и одговорност. Се оди на избори со тезата „кој ќе преживее, ќе раскажува“.
Од никого не слушнавме, ниту од политчар (што се залагаат за избори секоја цена) ниту од стручно лица дека ќе одговораат морално и кривично ако луѓе се заразат на изборите, и не дај Боже, некој почине. Доблест! Што беше тоа?!
Почитуваниот Караџовски, како прв човек на Комисијата за заразни болести, вели дека не опасно да се оди на избори ако се почитуваат протоколите. Тогаш зошто не фарбавте сите, најнормално ќе беше да се одржат на 14 април. Зошто го исплашивте народот? Зошто ги запревте економските текови? И зошто не ставивте во карантин.
Повеќе од сигурно е дека секој што размислува порационално нема да ги изложува најблиските и себе си на ричини избори. Тоа е посакуваната формула за успех на Заев и Спасовски, а сето во името на Уставот. Што помала излзеност поголема можност матни работи, полненње на кутии и победа.
Никого не го боли главата што ќе се прекршува Изборниот закон, аможеби намерно се оди на таа варијната.
ОБСЕ/ОДИХР набљудувачите ги бара на конкурс, што подразбира дека никој не сака да доаѓа во земјата каде што заразата е во експанзија. И тие што ќе дојдат ќе замижуваат за многу работи за побрзо да фатат магла.
Судството и така има најмала доверба и е едно од најкритикуваните, па така може да проголта и изборна кнедла. Додека набљудувачите од невладиниот сектор ќе влезат со страв од истите причини, но и со насочен поглед, затоа што Владата најде начин како да ги финансира – за борбата против коронавирусот. Штом ќе ги премолчат нерегуларните избори, после колку сакаат нека галамат.
Уште сега се премолчува за разно-разните помошти, кои според практиката се предвремен поткуп на граѓаните за изборите. Играњето со пазарите е апла собирање гласови за избори на штета на здравјето. А сега беше моментот да се реши и сивата економија која цути на зелените пазари кои треба да се прекрстат во текстилно-пластични.
Секако најголем трговец со гласови е државата и точно си ги потранува фирмите кои може да и донесат но и да им вратат пари за изборите.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски не сака да закаже седница за разгледување на роковите за избори. Вели дека тоа ќе го стори откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе објави нов датум за избори. Според Дерковски, по завршувањето на вонредната состојба, во земјава се враќаат да важат законите и Уставот.
„Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и Беса ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија“, вели Деркоски за МИА.
Но, други членови на ДИК размислуваат поинаку. Борис Кондарко, кој доаѓа од СДСМ, коментира дека од денес ќе течат роковите за избори на 5 јули.
„Се знае според Уставот кој распишува избори. Јас како претседател на парламентот ги распишав изборите на 12 април, кога ме информираа дека има консензус. Нека постигнат консензус и ќе ја исполнам својата уставна обврска“, изјави Џафери за 360степени.мк.
„Се борам да создадам услови за што е можно побезбедно гласање и фер избори, додека на ова раководство на СДСМ не им е битно тоа, зашто сакаат уплашен народ од вирусот кој ги затекна и онаа очајна неспособност на владата да се справи кога цела Европа и цел Свет практично излегуваат од оваа пандемија и одбегнување поради оваа причина да излезе да ги казни. Се плашат да не им се случи народ“, ќе рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава: „Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од од избори ниту на 5 ниту на 8 јули“.
Зоран Заев му одговори на Мицкоски со фејсбук-статус кој упатува на тоа дека СДСМ е подготвен да оди на избори на 5 јуни, за што веќе почнаа да течат роковите согласно со владината Уредба за изборниот процес.
„СДСМ покажа дека за секое прашање во државата има свои јасни политички ставови од кои не отстапува, туку влегува во една нивна реализација. Ние разговаравме во раководството на партијата, денеска продолжува нашиот состанок во однос на овие теми и нормално дека СДСМ ќе излезе со став во делот на изборниот процес. Јас не можам да разберам, не го разбирам ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ, не можам да видам од сите тие нивни соопштенија и обраќања, кога тие всушност би посакувале да има избори. Ние се навикнавме на тоа дека нашата опозиција нема ставови за клучните прашања и тоа не ме изненадува, но мораме да имаме висока свест во оваа здравствена и економска криза“, исткана денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“.
Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ е со избалансиран став, посочувајќи дека се неопходни брзи избори, ама дека евентуалниот бојкот би можел да предизвика политичка и институционална криза.
Останува да видиме дали ќе преовлада разумот или поговорката „политиката е курва“ ќе блесне со сиот свој сјај!