Мајката на Данка Илиќ, на денот на исчезнувањето на двегодишното девојче избришала голем број повици и пораки од нејзиниот мобилен телефон, ова го покажа вештачењето на инспекторите. Таа повторно е повикана во полициската станица во Бор, каде вчера заедно со нејзиниот маж помина повеќе од осум часа на информативен разговор. Таткото на Данка поминал на полиграф, но детали не се соопштуваат.
Од денеска два специјални тима за спасување од урнатини од Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи се започнаа детална потрагата во теренот околу семејната куќа на Илиќ во Бањско поле. Тука се и пожарникарите кои се подготвени да помогнат во пребарувањето на водоводните и канализационите цевки, како и септичките јами, со цел да се најди некоја трага од мистериозно исчезнатата двегодишна Данка.
Директорот на Центарот за исчезнати и злоупотребувани деца во Србија, Игор Јуриќ изјави дека во случајот со исчезнатото девојче сите околности будат сомнеж. Изјавите на блиските луѓе на девојчето се контрадикторни, бидејќи во првиот момент беше тешко да се поверува дека девојче од две години може да стигне толку далеку, а полицијата која брзо стигна на лице место не можеше да ја пронајде.
- Ова е многу специфичен случај, најпрво поради возраста на детето. Со оглед на тоа дека детето е целосно немоќно за нешто да направи само, се се сведува на околината и луѓето во негова близина. Ми се чини дека не постои личност во околината, која не буди сомнеж. Не го вперувам прстот во никого, туку објективно ги набљудувам моменталните релевантни факти кои сугерираат дека сомнеж мора да постои, рече Јуриќ.
Јуриќ истакна дека ова е исклучително тежок случај и дека иако до вчера се надевал на епилог, сега смета дека не го гледа крајот на оваа агонија и дека луѓето треба да се подготват за да ги примат најлошите вести. Времето е клучно, вели Јуриќ, а времето изминува, на временски услови си ниската температура на терен тешко е да се поверува дека дете од две години може да преживее. Единствена надеж сега е некој евентуално да се јави со барање за откуп, рече тој.
Понудата за откривањето на информации во замена 25.000 евра, ги однесе во притвор тројцата Босанци, кои по апсењето изјавија дека „само се шегувале“. Тие синоќа беа лоцирани по нивните ај-пи адреси во Хаџиќи, кантон Сараево по налог издаден од српски Интерпол. Инаку сите уапсени се членови на исто семејство.
Двегодишната Данка Илиќ се води за исчезната од вторникот, трагата и се губи во Бањско поле кај Бор, каде полицијата пребара околу 10 квадратни километри.