Мајката на Каролина Астеруд Ристова од СДСМ на чело на Комисијата за помилување

Пензионираната врховна судијка Милка Ристова, мајка на Каролина Астеруд Ристова од СДСМ, ќе биде претседателка на новата Комисија за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Покрај Ристова, во комисијата ќе членува и професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Александра Груевска-Дракулевски, како и професорите Оливер Бачановиќ, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Афет Мамут.

Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Оваа Комисија на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добие осудено лице со правосилни пресуди.

-Најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа. Ама, час поскоро да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози. Потоа, исто така, да свика, претседателката на Комисијата една расправа, знаете дека беше изработена работна верзија на Закон за помилување. Нашиот Закон за помилување сега е многу дефектен, после промените, значи укинувањето на одредби од Уставниот суд, навистина, нам ни треба еден закон компатибилен со европските и мислам дека тогаш Комисијата ќе може да го преземе товарот на одлучувањето, изјави Сиљановска Давкова, во интервју за МРТ.

Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.