Мајката на Сергеј Ќетковиќ починала од Ковид-19, а ја погребал на неговиот роденден

Пејачот Сергеј Ќетковиќ (45) поминува низ, веројатно, најтешкиот период во животот.

Мајката на познатиот пејач починала од последиците на коронавирусот, пред два дена, во Подгорица, Црна Гора.

Таткото на Сергеј е хоспитализиран, исто така, поради зараза со ковид-19.

Сергеј ја погребал својата мајка на 8 март, а неговата сопруга Кристина не можела да биде покрај него, со оглед на тоа што, како што пишува српски „Телеграф“, и таа наводно е позитивна на коронавирусот.

Инаку, Сергеј навршил 45 години на 8 март.

Познатиот пејач не сакал да ги коментира тажните вести.

„Немам никакви изјави, не сум подготвена за каква било изјава. Ви благодарам“, изјавил Сергеј за „Телеграф.рс“.