Мајкл Џеј Фокс е отворен да се врати на актерството и покрај Паркинсоновата болест

Ѕвездата од серијалот „Враќање во иднината“ најави дека се повлекува од актерството во 2020 година, зборувајќи отворено за тоа како болеста влијаела на неговата меморија.

Шеесет идвгодишникот за „Entertainment Tonight“ изјави дека повторно би размислувал да глуми доколку може да се вклопи во неговата реалност и предизвиците со кои треба да се справи.

„Ако некој ми понуди улога, а јас ја направам и добро се забавувам, одлично. Би се занимавал со глума доколку се појави нешто во кое би можел да ја вклопам мојата реалност, моите предизвици, кога би можел да најдам решение за тоа“, рече актерот.

На активистот и поранешен холивудски актер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на млада возраст, една година откако во 1990 година беше објавен „Враќање во иднината дел трети“. Фокс првпат забележал треперење на малиот прст пред поставувањето на дијагнозата на 29-годишна возраст, а прогресивната невролошка состојба сериозно влијаела на неговата подвижност. Поради многуте падови се здобивал со скршеници на коските.

За време на интервјуто за „Entertainment Tonight“, Фокс рече дека неговите цели секогаш се менувале, но неговата најголема цел била да „подигне семејство“ со сопругата Трејси Полан. „Имаме четири одлични деца и тоа е голема работа“, рече Фокс, која стапи во брак со Полан во 1988 година. „И потоа тука е основата“, рече тој.

Фокс ја основа Фондацијата Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсон во 2000 година, која собра повеќе од 2 милијарди долари, објави CBS News во ноември. Во 2023 година, глумеше во документарниот филм на Apple+ „Still: A Michael J Fox Movie”, истражувајќи како Паркинсоновата болест влијаела на неговиот живот.

Покрај тоа што глумеше во трилогијата „Враќање во иднината“, Фокс е познат по филмовите меѓу кои „Teen Wolf” и „Doc Hollywood“ и во телевизиската серија „Spin City“.

Во февруари годинава беше поздравен со овации откако нанајавено се појави во инвалидска количка на доделувањето на британските филмски награди БАФТА во Лондон за да му ја додели наградата за најдобар филм на Кристофер Нолан за „Опенхајмер“.