Мајкл Џордан е најплатениот спортист во историјата

Америкаснкиот портал за спорт и бизнис „Sportico“ објави ажурирана ранг листа на најплатените спортисти во историјата. Првото место му припадна на 6-кратниот НБА шампион Мајкл Џордан, кој заработи 3,75 милијарди долари.

Втор е голферот Тајгер Вудс (2,66 милијарди), трет фудбалерот Кристијано Роналдо (1,92 милијарди). Спортико ги зема предвид платите, бонусите, паричните награди, како и приходите на спортистите од неспортски активности во текот на нивната кариера и на крајот од неа, земајќи ја предвид инфлацијата.

Во Топ 10 се најдоа уште и: Арнолд Палмер (голф) – 1,76 милијарди, Леброн Џејмс (кошарка) – 1,7 милијарди, Џек Никлаус (голф) – 1,67 милијарди долари, Лионел Меси (фудбал) – 1,67 милијарди, Дејвид Бекам (фудбал) – 1,5 милијарди, Роџер Федерер (тенис) – 1,49 милијарди и Флојд Мејведер (бокс) – 1,48 милијарди.