Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан, кој во петокот ќе наполни 60 години, донираше 10 милиони долари во фондацијата „Make-A-Wish America“, што е најголема поединечна донација во 43-годишната историја на фондацијата.
На НБА иконата роденденската желба ѝ била да ги оствари желбите на бројни деца. Поради тоа ги донираше 10-те милиони долари за фондацијата „Make-A-Wish America“ којашто на својата веб-страница наведува дека ги „остварува сништата на болните дека“, како дека „донаторите им даваат на децата обновена сила да се борат со своите болести, ги зближуваат семејствата и обединуваат цели заедници“.
Мајкл Џордан, кој со тимот на Чикаго Булс освои шест титули во НБА лигата, ја поддржува „Make-A-Wish America“ уште од 1989 година и има титула на „главен амбасадор на желбите“.
„Изминатите 34 години преставуваше чест да се биде партнер на Make-A-Wish и да им се помогне да донесат насмевка и среќа на многу деца“, изјави Џордан кој има пет деца.
„Да се сведочи за нивната сила и отпорност во текот на толку тежок период во нивните животи навистина беше инспиративно. Не можам да замислам на подобар роденденски подарок, отколку да ги видам другите како ми се придружуваат во поддршката а Make-A-Wish за секое дете да може да го доживее волшепството да им се исполни желбата“, додаде легендарниот кошаркар.
Од „Make-A-Wish America“ во соопштение за јавноста наведе дека Џордан „исполни стотици желби на децата ширум светот, станувајќи еден од најбараните исполнувачи на желби на сите времиња меѓу славните личности“.
„Мајкл, кој го користи својот роденден како можност да влезе во историјата на Make-A-Wish, зборува за квалитетот на неговиот карактер и за неговата верност на доследноста да го подобри животот на децата со тешки болести. Се надеваме дека јавноста ќе биде инспирирана за да тргне по неговите стапки, така што ќе ни помогне во остварувањето на желбите“, изјави претседателката и извршна директорка на фондацијата, Лесли Мотер.