Мајли Сајрус, Мадона, Pearl Jam ги откажаа концертите поради коронавирусот, неизвесен и фестивалот Коачела

Polk/Getty Images for Coachella)

Музичките поп ѕвезди Мадона и Мајли Сајрус, како и рок-бендот Pearl Jam, ги откажаа концертите поради епидемијата од новиот сој коронавирус, а според некои информации и Фестивалот на музиката и уметноста во долината Коачела би можел да биде одложен за шест месеци.

Сајрус го откажа патувањето во Австралија, каде што требаше да одржи добротворен концерт за помош на настраданите од големите пожари кои го разорија континентот.

Мадона, којашто во меѓувреме закрепна откако пред десет дена го одложи поради повреда својот прв концерт во Париз, откако француските власти ги забранија сите собири со над 1.000 учесници, и на затворени и на отворени простори.

Легендарната рок група Pearl Jam, пак, ја одложи турнејата по САД и Канада, со објаснувањето дека концертите за нив претставуваат преголем ризик. Членовите на групата на интернет напишаа дека им било кажано дека „треба да ги избегнуваат масовните собири додека трае епидемијата од коронавирусот кој може да биде опасен по животот“.

Притоа ја користат шансата да ја критикуваат реакцијата на американските власти на појавата и ширењето на коронавирусот во САД.

„Имајќи предвид дека не располагаме со конретни примери за тоа дека нашиот национален здравствен систем е во состојба успешно да се фати во костец со епидемијата, немаме причини ниту да веруваме дека вирусот ќе биде под контрола следните неколку седмици“, напишаа музичарите.

Во меѓувреме во музичките кругови се зборува дека фестивалот Коачела, кој традиционално се одржува во Калифорнија, ќе биде откажан за октомври, според BBC. Фестивалот, кој во текот на два викенда, го посетуваат околу 250.000 луѓе е закажан за април, а на него требаше да настапат меѓу другите Rage Against the Machine, Тревис Скор и Френк Оушн.