Американската пејачка Мајли Сајрус позираше за насловната страница на британското издание на Vogue, а во интервју за магазинот зборуваше за својот љубовен живот.
Мајли зборуваше и за разводот со поранешниот сопруг Лиам Хемсворт и песните во кои пееше за нивното раскинување.
“Не би ја избришала мојата приказна ниту би сакала да ми се избрише приказната. Интересен живот создава интересни приказни”, коментирала таа за нејзиниот турбулентен брак со актерот Хемсворт. Тие двајца се запознале во 2009 година на снимањето на филмот The Last Song, а со текот на годините често раскинувале и повторно ја започнувале својата врска.
View this post on Instagram
Тие се венчаа во 2018 година, а раскинаа една година подоцна и се разведоа во февруари 2020 година. Пејачката долго време молчеше за сѐ, а потоа реши да проговори низ песни. Фановите веднаш забележаа дека овогодинешниот хит Flowers може да биде за раскинувањето на Мајли и Лиам, а сето тоа поради репликата „изградивме дом и го гледавме како гори“.
View this post on Instagram
Мајли и Лијам го загубија својот дом во Малибу во 2018 година, бидејќи шумските пожари ја опустошија Калифорнија, а нејзините обожаватели веднаш се поврзаа.
“Никогаш не се обидов да ги измамам моите обожаватели со текстовите во песните. Текстовите зборуваат сами за себе”, коментира Мајли за репликата во песната Flowers.
По разводот Мајли почнало да ја поврзуваат со тапанарот на групата Лили, Макс Моранда, а приказната стана поинтересна кога заедно се појавија во јавноста. Но, Мајли ја чува нивната врска подалеку од очите на јавноста и не ги открива деталите.
„Не собраа на слепо. Всушност, беше слепо од моја страна, тој знаеше со кого е. Си реков во тоа време, најлошото нешто што може да се случи е да станам и да си заминам од состанокот“, рече Сајрус.