
Во првиот меч од деветтото коло од германското фудбалско првенство, Мајнц 05 во петокот вечерта го совлада Келн со 3:1.
Гостите поведоа во 14 минута со голот на Симон Тероде, но по седум минути израмни Жан-Пол Боетиус. Домашните беа поангажирани во вториот дел и со погодоците на Робин Кваисон во 57 и Леви Езтунали во 82 минута направија пресврт.
Мајнц сега е 13-ти на табелата со девет бодови, а Келн со седум бодови останува во опасната зона на 16-то место.
Во сабота во Бундеслигата се играат дуелите Падеборн – Фортуна, Херта – Хофенхајм, Шалке 04 – Борусија Дортмунд, Баерн Минхен – Унион Берлин, Фрајбург – РБ Лајпциг и Баер Леверкузен – Вердер. Колото во недела ќе го затворат дуелите Волфсбург – Аугсбург и Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт.