MAAE: Иран и натаму ги почитува своите обврски од нуклеарниот договор

Иран и натаму ги почитува своите обврски во поглед на својата нуклеарна програма од договорот со светските велесили, објави во средата Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA), дена откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи САД да се повлече од тој договор.

„Иран е подвргнат најстрогиот режим на надзор на нукеларниот договор на светот врз основа на нуклеарниот договор, што претставува важно придвижување напред во овој поглед“, изјави главниот директор МААЕ, Јукија Амано, користејќи го официјалниот назив за договорот Зеднички сеопфатен акциски план.

„МААЕ денес може да потврди дека Иран ги спроведува своите обврски кои се односи на нукеларната програма“, рече Амано додавајќи дека Агенциајта „внимателно го следи развојот“ на ситуацијата во врска со ова.