Мадиќ: Гласањето и целиот процес за претседател на СДСМ, се одвиваа во фер и демократска атмосфера

-По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија (ЦИК) контатира дека процесот за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%, изјави Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ

-Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата. Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.

Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.

Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.

Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.

Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“, образложи Мадиќ.

Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците ЦИК ќе ги соопшти и конечните резултати.