Поп-иконата, 64-годишната Мадона, наводно била реанимирана со прапаратот „наркан“ пред минатиот месец да биде примена на одделот за интезивна нега, пишува RadarOnline.
Според новиот извештај на порталот, кога била најдена пејачката во бесознание во нејзиниот дом на 24-ти јуни, тие кои го пронашле „безживотното тело“ наводно ѝ дале инекција „наркан“.
Овој препарат најчесто се користи за брзо уништување на наркотиците во итна ситуација. Меѓутоа, се наведува дека „наркан“ е користен во борбата против септичeн шок, а не за употреба на дрога.
Според порталот, нема докази кои укажуваат на тоа дека поп-ѕвездата се предозирала.
Како што претходно беше објавено, Мадона беше пронајдена без реакција во нејзиниот дом минатиот месец и итно беше пренесена во болница во Њујорк. Таа морала да биде интубирана најмалку една ноќ пред да ѝ биде отстранета цевката.