Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА) потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.
Од 2026 година Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година.
Во вторникот, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали и градоначалникот на Мадрид, Хосе Висенте де лос Мосос, пред медиумите го претставија планот за трката во Мадрид.
Позната е и рутата по која ќе возат болидите.
Трката ќе се вози недалеку од центарот на градот, патеката ќе минува и покрај некои познати градби од историска важност, што ќе додаде дополнителен шарм на овој спектакл.
Патеката ќе биде долга 5 километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.
Let’s go racing in Madrid!
Say hello to the brand-new circuit built around the @IFEMA Exhibition Centre ✨#F1 pic.twitter.com/klysY8HAiT
— Formula 1 (@F1) January 23, 2024
Шпанија, Мадрид пред сѐ, го доби ова значајно признание поради она што му го нуди на овој спорт преку големата база на фанови, но и поради возачите на Астон Мартин и Ферари, Фернандо Алонсо и Карлос Саинс.
Веднаш по објавувањето на веста фановите со право со запрашаа како оваа одлука ќе влијае на трката во Барселона. Каталонската пртестолнина од 1991 е домаќин на 35 трки
„За да се избегне сомнеж и да се разјасни овде, фактот дека сме во Мадрид не го исклучува фактот дека во иднина би можеле да останеме во Барселона“, рече Доменикали, цитиран на официјалниот сајт на Ф1.