Фудбалерите на мадридски Реал во новата сеозна во шпанското првенство тргнаа со победа од 2:0 во саботата вечерта на гостувањето кај Алетик во Билбао.
На секогаш жешкото гостување во престолнината на Баскија, „Кралскиот клуб“ до сигурната предност дојде кон средината на првото полуврме, кога меѓу стрелците се впишаа Родриго во 28 и Џад Белингам во 36 минута. Атлетико до крајот на мечот не успеа посериозно да го загрози сигурното водство на гостите од Мадрид.
Претходно во саботата Реал Сосиедад и Жирона одиграа без победник 1:1. Домашните поведоа веќе во 5 минута со погодокот на Такефуса Кубо, а гостите израмнија преку Артем Довбик во 72 минута.
Без победник и со идентичен резултат 1:1 заврши и пресметката меѓу Лас Палмас, кој дојде во водство од пеналот во 29 минута што го реализираше Џонатан Виера, и Мајорка за којашто погодокот во 70 минута го постигна Антонио Хозе Раиљо Аренас.
Шпанското првенство во петокот беше отворено со двете гостински победи: на Реал Ваљадолид на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со 2:0 над Алмерија, и на Валенсија од 2:1 во дербито со Севиља.
Првото коло продолжува во недела со средбите Селта – Осасуна, Виљареал – Бетис и Хетафе – Барселона а ќе биде заокружено во понеделник со дуелот меѓу Кадиз и Алавез.