Петер Мадсен, налудничавиот дански научник, обвинет за убиство на шведската новинарка Ким Вал во неговата подморница во август 2017 година, мислел на познатиот хорор трилер филм „Седум“, додека и ја сечел главата на Швеѓанката.
Овие детали биле изнесени вчера на вториот ден од судскиот процес против Данецот, кој тврди и понатаму дека не ја убил новинарката.
Научникот (47) бил безобразен кон обвинителот Јакоб Буш-Јепсен додека ја читал неговата изјава дадена во полицијата, дека мислел на филмот „Седум“ со Бред Пит, во кој сериски убиец ја сече главата на девојката на полицаецот што го уаспил.
– Мислам дека во мојата изјава нема ништо неприродно- рекол Мадсе, кој во судницата повремено ја спуштал главата и ги ставал рацете преку лицето како нешто да го боли, но се „отворил“ кога почнало испитувањето.
Тој тврди дека Вал починала откако се случил дефект во подморницата и просторијата се исполнила со токсични гасови. Мадсен тогаш се испаничил и одлучил да го скрие телото.
– Со штрафцигер долг 50 сантиметри го сакатев телото на Вал и со него правев дупки на градите за да бидам сигурен дека телото ќе потоне во водата- рекол Мадсен пред судот.
Тој потврдил дека го гледал рускиот анимиран филм „Снаф“ во кој декапитираат жена, и дека многу се интересирал за Марсел Хансен, озлогласениот дански сериски убиец.
Предвидено е судењето кое почна пред две недели да трае 12 дена, а пресудата се очеква да биде донесена на 25 април.
Мадсен беше добро познат во Данска и пред апсењето. Беше познат како изумител кој мечтае за истражување на непознатите светови. Изгради своја подморицниа и планирал приватно патување во космосот.
Сега се соочува со можна доживотна затворска казна поради убиство со предумисла, сквернавење на покојник и сексуален напад врз Вал, која му правела друштво во подморницта пишувајќи новинска репортажа за него.
Обвинителот Јакоб Буш-Јепсен веќе објави дека има намера да бара доживотен затвор за Мадсен. Обвинението тврди дека станува збор за ткн „контрол фрик“ кој мечтаел за злоставувања, убивања и парчосувања на жени.