Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека би се согласил да разговара со Доналд Трамп ако американскиот претседател ја смени политиката кон Венецуела, која ја нарече погрешна.
– Да, се разбира, одговори Мадуро на прашањето дали би прифатил директни разговори со Трамп.
Тој ова го рече во изјава за телевизијата „Русија 24“, а потоа го образложи својот став.
– Доколку американскиот претседател одлучи да ја исправи погрешната политика на поттикнување војна против Венецуела, која во некој момент ја наследи од Барак Обама, би бил подготвен, би можеле да почнеме разговори, дијалог, преговори за да се обидеме да воспоставиме односи базирани на почитување, пред се меѓу владите, наведе Мадуро.