Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го поздрави регистрирањето на руската вакцина против Ковид-19 и најави дека е подготвен да биде еден од првите доброволци што ќе ја примат вакцината за да ја покаже нејзината безбедност.
Во порака објаена на националната телевизија, Мадуро истакна дека очекува руската вакцина да биде испорачана во Венецуела.
„Ме радува тоа што Русија е првата земја што ќе ја вакцинира својата популција. Во еден момент сите ќе бидеме вакцинирани и првиот што ќе се вакцинира ќе бидам јас. Ќе ја примам вакцината и со тоа ќе дадам пример. Потоа ќе ги вакцинираме медицинските лица, повозрасните и оние што имаат хронички здравствени проблеми“, изјави Мадуро.
Истовремено, Мадуро упати остри критики за САД и обвини дека американската администрација го попречува влезот на медицински материјали во земјата.
„Не прогонуваат дури и за ова. Ќе купиме лекови против корона вирусот, но ја попречуваат нивната достава. Сега велат дека нема да дозволат вакцината да стигне во Венецуела“, изјави Мадуро.