Мадуро ги предупредува САД на „незамисливи“ загуби доколку интервенираат во Венецуела

© REUTERS/Marco Bello

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ветува жесток одговор, доколку САД интервенираат во неговата земја, и во интервјуто за телевизијата RT вели дека војната може да се избегне со помош на „мировната диоломатија“ и додава дека нема да распише предвремени парламентарни избори како што бараат западните земји предводени од Вашингтон.

Венецуелскиот претседател коментирајќи на претходна изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можна интервенција во Венецуела, вели дека САД ќе се соочат во тој случај со големи човечки и воени загуби.

„Се подготвуваме цената што ќе ја платат САД доколку се вмешаат да биде превисока и ќе претрпат неповратни загуби во воена и човечка смисла“, вели Мадуро.

Притоа тој истакна дека „војната може да се избегне со помош на мировната дипломатија и меѓународното општествено мнение“. Сепак, „ова не значи дека ние не се подготвуваме да ја заштитиме нашата света земја“, порача Мадуро.

Венецуелскиот претседател кој го освои вториот мандат на изборите пред десет месеци, исто така, ги отфрла барањата за одржување превремени претседателски избори.

„Проблемот е во опозицијата, а не во спроведувањето на уште едни избори. Спроведовмен 25 избори последнтие 20 години. Во изминатата година и половина водевме шест изборни кампањи. Изборите (претседателските – з.р) во 2018 година се одржаа порано од закажаниот рок токму по предлог на опозицијата“, додава Мадуро.

Притоа истакна дека единствените избори кои ќе се одржат во блиска иднина се „парламентарните избори, кои согласно изборниот календар, ќе се одржат во 2020 година“.

Истовремено Мадуро се обрати до меѓународната заедница да ја запре „безумната“ политика на американскиот претседател Трамп кон Венецуела.

„Ја замолувам меѓународната заедница да застане во одбрана на мирот (во Веневуела) и да го запре лудилото на Доналд Трамп“, вели Мадуро. Притоа тоја изрази уверување дека „со секој ден со отфрлање на политиката на Трамп во однос на Венецуела ќе се раширува во целиот свет“.

Мадуро, исто така, смета дека неколкуте европски земји направиле грешка признавајќи го лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо кој пред две седмици се самопрогласи за привремен претседател.

„Во Европа признават нешто што не посто“, вели Мадури и укажува дека особено згрешил признавајќи го Гуаидо шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, споредувајќи ја со грешката на поранешниот шпански премеир Хозе Марија Азнар (1996 – 2004), кој ја вклучи Шпанија во војната во Ирак. „Рацете на Санчез секогаш до лактите ќе бидат во крв“, истакна Мадуро.