Мадуро го отфрли ултиматумот на земјите од ЕУ, не распишува избори

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го отфрли во неделата ултиматумот на неколкуте земји членки на Европската унија за организирање нови претседателски избори кои се одржаа во Венецуела пред десет месеци.

Во разговорот за шпанската телевизија La Sexta, претседателот Николас Мадуро рече дека нема да попушти пред пртитисоците на оние кои сакаат негово заминување од должноста и го поддржуваат спикерот на парламентот и опозиски лидер Хуан Гуаидо, кој пред две седмици се самопрогласи за привремени претседател на Венецуела.

Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија и Австрија, побараа Мадуро да распише предвремени претседателски избори, заканувајќи се дека во псротивно ќе го признаат Гуаидот за венецуелски претседател.

„Поради што Европската унија би зборувала за една земја којашто веќе ги организирала да ги повтори претседателските избори, затоа што не победиле нивните сојузници од десницата“, праша Мадуро кој за шпанската телевизија интервјуто го дал во Каракас.

Мадуро смете дека е добра иницијативата за меѓунардони контактна група во којашто ќе бидат ЕУ и земји од Латинска Америка, како Уругвај и Мексико, а којашто треба да се состане во четврток во уругвајската престолнина Монтевидео. Земјите кои најавија учество во меѓународната контактна група се Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Шведска, Холандија и Велика Британија во ЕУ и Еквадор, Костарија, Уругвај и Боливија во Латинска Америка.

„Јас ја поддржувам таа конференција… Сметам дека оваа иницијатива ќе овозможи да се седна на преговарачката маса, дека е добра за дијалог меѓу граѓаните на Венецуеал, да се израмнат нашите несогласувања, да се состави план и да се решат проблемите на Венецуела“, оценува Мадуро.

Неколку часа пред истекот на ултиматумот, во кандаската престолнина Отава треба да се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Групата од Лима, во којашто се Канада и десетина латиноамерикански држави. На средбата би требало да ѝ се приклучат и некои други учесници, се наведува во соопштението на канадското министерство за надворешни работи. Американскиот државен секретар Мајк Помпео би требало да земе учество преку видое врска, а и Европската унија ќе има свој придонес.

Во неделата канадскиот премиер Џастин Трудо телефонски разговарал со Хуан Гуаидо, и заеднички повикаа на организирање „слободни и чесни“ претседателски избори и потврдија дека Николас Мадуро „нема легимитет“.

Доколку Мадуро не организира претседателски избори, предупреди во неделата француската министерка за европски работи, Натали Лоасо, „ќе сметаме дека Гуадио има легимитет да ги организира наместо него и ќе го сметаме за првиремен претседател до легитимните избори“.