Венецуелските власти покажаа заедништво со водечките воени команданти во четвртокто, а судот објави налог за апсење на опозицискиот политичар кој излезе до домашен притвор, додека владејачките социјалисти се справуваат со обидите за соборување на претседателот Николас Мадуро.
Придружуван од министерот за одбрана и од командантот на воените операции, венецуелскиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата порача дека вооружените сили се „обединети, поврзани и подредни на својот уставен мандат“ откако опозицискиот челник Хуан Гуаидо претходно седмицава ја повика војската да му се приклучи во соборувањето на Николас Мадуро.
Мадуро, исто така, ги негираше уште еднаш тврдењата на САД дека водството на Боливарската национална војска е подготвено да се сврти против него за да се заврши политичката криза која е поттикната од повеќегодишиот економски хаос во земјата, во прв ред предизвикан од американскиет санкции.
Гуаидо во вторникот објави почеток на „финалната фаза од оперцијата Слобода“ и организираше улични протести поддржан од десетина одментнати војници во уште еден обид да го собори од власт Мадуро, но овој без поголеми проблеми се одржа објавувајќи дека е спречен обид за државен преврат.
Обраќањето на Мадуро делумно претставува и одговор на коментарите на американските функционери кои изјавуваа дека армискиот врв во преговорите со врховниот суд и претставници на Гуаидо разговарале за заминување на Мадуро од власт.
Специјалниот американски пратеник за Венецуела, Елиот Абрамс, рече дека Мадуро не може да им верува на водечките воени команданти. „Речиси сите се вмешани во тоа и Мадуро мора да знае дек военито врв не му е вистински лојален и дека сака промена“, рече Абрамс за мрежата VPI во средата.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во вторникто рече дека венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез, заедно со претседателот на Врховниот суд и командантот на претседателската гарда на опозицијата ѝ кажале дека Мадуро мора да си замине.
Падрино, меѓутоа, и во вторникот и во четвртокот се појаво веднаш до Мадуро.
„Не нѐ купувајте со своите неискрени понуди, како да немаме достоинство. Оние коишто паднаа и ги продадоа своите души повеќе не се војници, и повеќе не може да бидат со нас“, порача Падрино Лопез. Во телевизиското обраќање крај нив се појави и главниот командант на воениот операции Ремиго Ссебаљос.
Претходно во четвртокот судот во Каракса издаде налог за апсење за опозицискиот политичар Леополд Лопез, бидејќи ја прекршил судската одредба од 2017 година да остане во домашен притвор, објавено е на интернет страницата на Врховниот суд. Лопез се засолни во амбасадата на Шпанија во Каракас, а Мадрид одби да го предаде.
Во вторникот Гуаидо објави на Twitter видео со кое ги повика војниците да минат на страната на опозицијата, а на него се појави и Лопез кој во 2015 година беше осуден на 13 години и 9 месеци затвор поради организација на антивладини демонстранции кои завршија со судири и десетици мртви. Во 2017 година казната му беше заменета со домашен притвор кој го напуштил на почетокот од седмицава.