Масовната вакцинација на населението во Венецуела против коронавирусот ќе започне во периодот од декември до јануари, објавил претседателот на таа земја, Николас Мадуро.
„Во периодот декември-јануари, кинеските и руските вакцини ќе пристигнат во Венецуела во целост и ќе започнеме со вакцинирање“, рекол Мадуро.
Претходно, лидерот на Венецуела објавли дека илјадници дози на лекови против Ковид-19 пристигнале во Венецуела од Русија.
Претходно, Мадуро најави почеток на третата фаза на клинички испитувања во Венецуела на руската вакцина „Спутник 5“, во која ќе учествуваат две илјади волонтери.
Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на Ковид-19, која била развиена од Центарот за истражување на епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и произведена заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции. Вакцината се нарекува „Спутник 5(V)“ („Гам-КОВИД-Вак“).