Маџиров на Франкфуртски денови на поезијата

Никола Маџиров на 12 јуни ќе настапи на ммеѓународниот фестивал Франкфуртски денови на поезијата, кој се одржува од 10-ти до 20-ти јуни во Франкфурт.

Тој, заедно со авторите Илма Ракуза и Алеш Штегер ќе читаат своја поезија на мајчиниот јазик и во превод на германски, и ќе разговараат на тема „Крстосници и исцртување мапи”.

Модератор на вечерта ќе биде германскиот есеист, критичар и уредник во весникот „Тагесшпиле”, Грегор Доцауер.

Маџиров настапува во Франкфурт откако беше вклучен во антологијата на современата европска литература „Книжевно патување низ Европа” објавена од германската издавачка куќа „ДТВ”, во која неговата поезија беше селектирана заедно со текстовите на нобеловците Орхан Памук и Сарамаго, на Мишел Уелбек, Мирчеа Картареску и др.