1.За време на вежбите обидете се да се опуштите и сконцентрирате на тегобите кои ги имате. Дишете полека и длабоко.
2.Со спротивната рака фатете одреден прст, стиснете го со целата дланка.
3.Задржете ја положбата околу две минути. Ќе почуствувате пулсирање на прстот, но тоа е нормално.
4.За време на вежбата дишете опуштено и длабоко, како да медитирате.
5.За вежба на целото тело обработете го секој прст на раката и на секој задржете се околу 3 минути.
Палец:
Органи: Стомак и слезенка
Емоции: Потешкотии, депресија и напнатост, загриженост
Физички симптоми: болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, нервоза
Показалец:
Органи: Бубрези и мочен меур
Емоции: Фрустрација, страв, ментално пореметување
Физички симптоми: Болки во зглобовите, болки во мускулите и грбот, забоболка, проблеми со варењето, зависност (таблети, цигари, алкохол и друго)
Среден прст:
Органи: Црн дроб и жолчка
Емоции: Неодлучност, лутина, бес, изиритираност
Физички симптоми: Проблеми со циркулација, менструални тегоби, проблеми со очите и видот, малаксаност, мигрена и главоболки
Домал прст:
Органи: Бели дробови и дебело црево
Емоции: Негативност, тага, страв од одбивање
Физички симптоми: Проблеми со варењето, ѕвонење во ушите, проблеми со дишењето како астма, длабоки промени на кожата
Мал прст:
Органи: Срце и тенко црево
Емоции: Несигурност, нервоза, чувство на пониска вредност
Физички симптоми: Проблеми со притисокот, срцеви тегоби, воспаление на грло, надуеност, проблеми со коските и нервниот систем.