Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно, по суви коловози, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Магла со видливост до 100 метри имаме на патот Петровец-Катланово. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.