![magla kamioni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/magla-kamioni.jpg?resize=643%2C369&ssl=1)
Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри, утрово има на патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка и на планинскиот превој Стража каде видливоста е до 80 метри.
Од ЈП Македонијапат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.