Магла на Попова Шапка и Стража. Видливоста на Попова Шапка е намалена на 40 – 50 метри, а на Стража 50 – 100 метри. Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.
Можна појава на одрони на дел од патните правци
![Можна појава на одрони на дел од патните правци](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/odroni.jpg?resize=300%2C166)
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Задолжително понесете зимска опрема
Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти Март 2016 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.