![veter](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/veter.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните од 8 до 17 степени.
Слично време и во Скопје со максимална дневна температура од 14 степени.
Утре во западните делови ќе биде умерено до значително облачно, а во источните делови посончево. Ќе се задржи малку посвежо и ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слична е прогнозата на метеоролозите и за сабота.
Во недела ќе биде претежно сончево време со слаб југоисточен ветер.