Магла во скопската и полошката котлина, најзагадено во Центар

котлина

Утрово температурата се движеше од -3 во Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Битола, Струмица, Маврово и Тетово, 0 Прилеп, Крива Паланка, Куманово и Демир Капија, 1 Штип, Дебар и Лазарополе, 2 Крушево, Пожаране и Скопје, 3 Претор и Виница, 4 Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија и Охрид до 8 степени во Дојран.

Утрово е ведро со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини  има појава на магла, особено  во скопската и полошката котлина, како и долж Повардарието, каде има магла со намалена хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб ветер од југоисточен  правец.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а во текот на денот сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини и по речните долини во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

В петок, во текот на ноќта кон сабота  се очекува промена на временската состојба над нашето подрачје. Ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово највисоки концентрации на ПМ10 честичките измерија во Центар 159,09, Карпош 149,73 микрограми, Лисиче 131,09, Лисиче 126,87, Гази Баба 125,87, Миладиновци 108,01, Тетово 96,07, Куманово 85,96, Кавадарци 79,66, Велес 79,51 и во Кочани 58,88 микрограми на метар кубен.