Поради густата магла скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска е затворен за сообраќај. На веб страницата на аеродромот стои дека дел од летовите се пренасочени во Приштина.
Според информациите на АМСМ, маглата ја намали видливост од 50 до 100 метри, на неколку патни правци како што се Куманово-Крива Паланка, Куманово- Свети Николе, Тетово-Скопје, Тетово-Гостивар, Тетово-Јажинце, Тетово-Попова Шапка, Велес-Штип, Велес-Скопје.
Во Штип-Неготино видливоста е од 15 до 20 метри, во Штип-Радовиш од 50 до 70 метри, а во Битола 50 метри. Во Прилеп видливоста е 40 метри.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.