Маја Сашек се мажи

Познатата манекенка Маја Сашек ќе се мажи. Нејзиното момче со кое е подолго време, познатиот фотограф Дејан Пановски и предложил брак додека биле на патување во Италија, пишува Република.

Македонската манекенка десетина години живеше и работеше низ светските модни метрополи како Милано, Њујорк и Дубаи. Сепак секогаш имаше причина да се враќа дома, – причината се викаше Пановски, кој е нејзина најголема поддршка.

– Има многу случаи кои ја прекинале својата кариера поради љубовта кон партнерот, но доколку некој ве натера да го направите тоа, тогаш тоа во никој случај не е вистинска љубов – изјавуваше Маја Сашек пред една година.

Маја има 30 години. Во 2008 година ја претставуваше Македонија на „Мис Модел на Светот“ кој се одржа во Кина, во Шензен, помеѓу 69 други кандидатки од 40 земји во целиот светот. Позната е по нејзиното преубаво лице и нејзините сино-зелени очи, па затоа најчесто ја бараат како фотомодел.